Гостивар
Намален бројот на активно заразени со коронавирус во Гостивар

Изминатиот период официјалните податоци за коронавирусот во регионот на Гостивар бележат повеќе оздравени, отколку новозаразени пациенти, со што бројката на активно болни се намали. Од 310 лица, за една недела падна на 237.
Сепак, Гостивар и понатаму останува меѓу првите три подрачја во земјава (со Скопје и Куманово), по нови потврдени случаи на дневно ниво. Вчера (30 август) беа регистрирани 11 нови позитивни и 6 оздравени.
Од почетокот на пандемијата, во гостиварскиот регион со корона вкупно биле дијагностицирани 789 лица. Вирусот до сега го пребродиле 517 лица, а како починати се евидентирани 35.
Првиот случај на ковид во Гостивар беше потврден на 19 март. Состојбата со ширење на вирусот, извесно време беше стабилна со спорадични случаи. Од крајот на јуни, започна тренд на брзорастечни бројки на новоинфицирани. Какви ќе бидат тековите во следниот период, останува да се види.
Во видео обраќање до јавноста пред неколку дена, министерот за здравство Венко Филипче рече есента носи многу ризици, а вирусот докажа дека е исклучително непредвидлив.
„Со почитување на мерките за заштита на сопственото здравје, освен што се штитите себеси и своите блиски, давате личен придонес во напорите на здравствените работници кои секојдневно се борат за секој еден човечки живот. Знам дека животот со вирусот изморува и разбирам колку е тешко што можеби работите не се онакви какви што би сакале да бидат. Но, ова нема да трае вечно. Од ден во ден, сме се поблиску до надминување на кризата,“ изјави министерот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила