Македонија
Намалување на цената на горивата
За денар поевтинуваат бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V и Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), а за половина денар бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76 денари, 78,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, 71 денар на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 69,5 денари на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1).
Поскапува Мазутот М-1 НС, за 0,521 денар и килограм ќе чини 45,5 258 денари.
Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,72 проценти во однос на цените со одлуката од 25. минатиот месец.
- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,985 проценти, кај дизелот за 3,209 проценти, кај екстра лесното масло за 2,935 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 0,902 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5679 проценти, информира РКЕ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград