Вести
Наместо во училиште со книга, деца го минуваат денот низ улиците питачејќи

Деца кои наместо во училишни клупи, денот го поминуваат на улица. Животни приказни во кои детската игра е заменета со талкање и питачење, за жал не го одминуваат ни гостиварското секојдневие. Занемарени од родителите и роднините, овие деца се оставени само на себе, без грижа и потребната љубов од семејството.
Статистиката на полицијата покажува дека, минатата година на полошкото подрачје биле регистрирани 24 случаи на занемарена грижа на дете. Стручните лица посочуваат на последиците од ваквата појава, врз развојот на децата и нивниот натамошен живот. „Ако едно дете препуштено на улица не спие, не јаде редовно, нема свое постојано живеалиште, семејство, другарчиња, во иднина самото ќе има проблеми да воспостави сопствен нормален дом. Она што ќе го наследи од своите родители не е ништо друго, туку еден живот со талкање, со питачење. Тие деца многу лесно стануваат жртви на дрога, алкохол и останати пороци. Тука се јавува и феноменот на проституција, бело робје и низа проблематики кои потекнуваат од растењето на таков начин“, вели Билен Карахасан, психолог во Центарот за социјална работа во Гостивар.
За да може едно дете да се извлече од улица и да се социјализира, потребно е координирано делување на институциите и создавање на соодветни услови. „Тоа подразбира постоење на одредени центри за згрижување на децата кои питачат, или на целото семејство. Се работи за сложен проблем за кој требаат многу финансиски средства, но сметам дека тоа е исплатливо за едно општетсво , затоа што ќе се намалат ризиците од појава на нови генерации на питачи и ќе се зголеми бројот на општествено корисни луѓе, смета психологот Карахасан.
Изминатите години социјалните служби во Гостивар успејаа да оттргнат повеќе деца од улица и да ги вратат во образованиот систем. Неколку од нив се сместени во интернатот во Маврови Анови, а неколку се згрижени во Домот за деца без родители во Скопје.
Занемарувањето грижа за дете претставува прекршок за кој е предвидена казна од 600 до 800 евра, но зависно од крајните последици, родителите или други инволвирани лица можат да бидат и кривично гонети.
Отворени огласи за вработување:

Измамен гостиварец, порачал половни машини за косење

Продолжува рекордниот раст на рубљата во однос на доларот и еврото

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Приведен дилер баран по наредба на судот во Гостивар за казна затвор од 6 години

Викенд временска прогноза

Ќе се реновира детското одделение во болницата во Гостивар

Малиот гениј Македон на прием кај Пендаровски и Шаќири

Возат патници со неисправни возила, 15 казни во Гостивар и Тетово за превозници

Расте бројот на заболени од мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка

Приведен гостиварец, се однесувал агресивно кон полицајци

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

Малолетник повреден со нож пренесен во болницата во Гостивар

Самостојна изложба на Решат Амети во Грац

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Гостиварец докторант на Универзитетот во Чикаго со проект за учениците во Гостивар

Седум години непребол-Вечна слава на хероите Ненад и Горан

Оглас за 22 вработувања во Општина Гостивар

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Во Гостивар поставени инфо-табли за реката Вардар

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Гостиварци засукаа ракави-„Генералка викенд“ како порака за еколошко освестување

Распали гостиварската артилерија за голема победа против ТФТ Скопје 92-85

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 4 недели
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Во Гостивар ќе се постави спомен плоча на загинатите во несреќата од 13 февруари
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Гостиварпред 3 месеци
21 годишна девојка од гостиварско ја пријавила својата 36 годишна мајка за напад
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата