Здравје и убавина
Намирници богати со јод – минерал неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда

Познато е дека недостатокот на јод предизвикува сериозни здравствени проблеми, па затоа е важно да го внесуваме доволно преку исхраната.
Јодот е минерал кој треба секојдневно да се внесува во организмот преку исхраната, бидејќи е неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда и влијае на производството на тироидните хормони кои играат важна улога во целото тело.
Кога на телото му недостасува јод, оваа состојба предизвикува отекување на тироидната жлезда и болест наречена хипотироидизам. Симптомите вклучуваат замор, нагло зголемување на телесната тежина, отечено лице, главоболка, поспаност, депресивно расположение, низок крвен притисок, мускулна слабост, губење на косата и сува кожа.
Храната што можете да ја јадете за да го зачувате целокупното здравје, а особено здравјето на тироидната жлезда, се доста достапни и тоа се следниве.
Млечни производи
Некои истражувања имаат покажано дека само една шолја млеко дневно може да ги задоволи дневните потреби на организмот за јод. Истото важи и за јогуртот, а исто така и за сирењето.
Јодирана сол
Една четвртина од лажичка јодирана сол содржи 71 mcg јод, што е половина од дневната потреба на телото за овој минерал. Сепак, таа сол содржи и натриум, кој може да биде лош за здравјето на бубрезите и крвниот притисок, па затоа е важно да се користи со претпазливост.
Туна
Освен што е богата со протеини, туната е нискокалорична, богата со јод, калиум, железо и витамин Б. Туната е добар извор на омега 3 масни киселини, што ја прави одлична храна за превенција од срцеви заболувања.
Јајца
Тие се одличен извор на протеини, здрави масти и совршена комбинација на витамини и минерали. Јодот е во жолчката.
Суви сливи
Сувите сливи се богати со влакна, витамини К и А, калиум и железо. Тие се и одличен извор на јод, па често им се препорачуваат на веганите за да го компензираат внесот на јод во организмот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022