Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Намирници богати со калциум кои не треба да ги занемариме

Објавено

на

Калциумот е клучен за зачувување на коскената маса. Затоа е важно да внесете храна богата со калциум во вашата исхрана, што може да спречи сериозни болести како што е остеопорозата.

Човековото тело содржи околу 1,2 килограми минерал калциум. Околу 99% од тоа се наоѓа во забите и коските, а остатокот во крвта, лимфата и телесните течности.

Дневниот внес на калциум треба да биде помеѓу 800 и 1200 милиграми, а се препорачува половина од внесот на калциум да се обезбеди преку храна.

Ова е списокот на намирници кои содржат калциум и кои што се многу лесни да се вметнат во секојдневната исхрана.

Млеко

Најпознатата храна богата со калциум е млекото. Предноста на млекото од животинско потекло во однос на другите е што нашето тело го апсорбира подобро во споредба со изворите на растително потекло.

Јогурт и сирење

Исто како основната суровина од која се произведуваат, односно млекото, јогуртот, сирењето и другите млечни производи се исто така богати со калциум. Затоа се препорачува да ги консумирате доколку не сте склони кон чисто млеко.

Брокула

Покрај тоа што содржи двојно повеќе витамин Ц од портокалите, брокулата е богата и со калциум.

Цвекло

Цвеклото поради својата мала калоричност е одличен додаток во менито за слабеење, а истовремено богато со минерали и витамини, влучително и калциум.

Смокви

Смоквите се богати со калциум, магнезиум и фосфор, минерали кои се дел од коскеното ткиво. Свежото овошје содржи околу 46мг калциум, и добро е да го чувате за поладните денови и да ги консумирате сушени.

Бадеми

Од сите јаткасти плодови, бадемите се најбогати со калциум. Покрај калциумот тие се богати и со растителни влакна, здрави масти и протеини и се одличен извор на магнезиум и витамин Е.

Чиа семе

Покрај тоа што е многу богато со железо, чиа семето е богато и со калциум. Тоа нема ни мирис ни вкус, па лесно се прилагодува на храната на која се додава.

Бел грав

Гравот е познат по својот удел во минерали, но во уделот на калциум доминира белиот грав, кој исто така е богат со железо.

Со комбинирање на овие намирници, на вашето тело ќе му ги обезбедите потребните количини на калциум за негово нормално функционирање, а истовремено ќе го намалите ризикот од остеопороза во иднина.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена