Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Намирници кои можат да ви помогнат да се разладите во топлите денови

Објавено

на

Во борбата против топлината, исхраната може да игра голема улога. Треба да се избегнува „тешка“, мрсна и претерано зачинета храна, но затоа има намирници кои треба да се консумираат што почесто и во поголеми количини.

Овие денови дневните температури надминуваат 30 Целзиусови степени. Сладоледите и замрзнатите десерти можат да делуваат како одлично освежување, но ефективни се само во моментот – веќе по 15 или 20 минути ефектот е сосема спротивен. Кои намирници се препорачуваат во лето, бидејќи имаат одлично освежувачко дејство?

Краставица

Краставицата е богата со вода, благодарение на која има моментално хидратантно дејство на телото и способност за намалување на телесната температура. Без разлика дали ќе ја исечете во салата, ќе ја изедете на парчиња или ќе ја додадете во вода (исечена на прстени) – краставицата е многу пожелна во исхраната во лето.

Диња

Дињите се богати со вода, но и со голем број на хранливи материи кои му се потребни на организмот за да функционира правилно: витамин Б, магнезиум, калциум, влакна се само некои од нив. Можете да ја исецкате и да ја послужите разладена или да ја додадете во освежително смути.

Зелен лиснат зеленчук

Зелениот лиснат зеленчук е богат со влакна и калциум, што е многу ефикасно за намалување на телесната температура. Затоа, во текот на летото, пожелно е исхраната да ја засновате на спанаќ, зелена салата, зелка и слични намирници кои би ги јаделе како комплетен оброк или би ги додале во исхраната.

Манго

Мангото многумина го нарекуваат крал на овошјето, бидејќи не само што е вкусно и освежително, туку е добро за варење и дава прилив на позитивна енергија. Може да се јаде на сите можни начини: во коктел, исечен на коцки, како состојка во смути, па дури и блендирано и замрзнато (како сладолед).

Лимон

Оние кои не сакаат обична вода бидејќи е без вкус, лимонот може да биде од голема корист, бидејќи само неколку капки сок од лимон или малку рендана кора и даваат на водата сосема поинаква арома. Покрај тоа, лимонот е богат со витамин Ц, кој е секогаш добредојден за организмот.

Јогурт или грчки јогурт

Богати со калциум, витамин Б и корисни бактерии, јогуртот и грчкиот јогурт се одличен избор во топлите летни денови. Можете да го користите како состојка за подготовка на прелив за салата, да го пиете со додаток на сечкано овошје или да го користите како основа за природен сладолед.

Нане

Нането е познато како намирница која делува освежувачки, поради што е честа состојка во летните коктели. Наједноставниот начин да го имплементирате во вашата летна диета е со додавање во вода (може да додадете и неколку кришки лимон и неколку парчиња краставица), а доколку го консумирате постојано, телото ќе ви се заблагодари со тоа што помалку ќе се потите.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена