Здравје и убавина
Намирници што можат да го зголемат колагенот

Храната отсекогаш играла клучна улога кога станува збор за производство на колаген. Благодарение на овој протеин, кожата изгледа помладо, еластично и има подобра текстура.
Урамнотежената исхрана што вклучува свежа и здрава храна е неопходна за општата благосостојба. Таа е таа која, меѓу другото, ја одржува кожата здрава. Младешкиот изглед на кожата е поврзан со она што го јадете, а многу од тоа се сведува на колаген.
Колагенот е протеин кој и дава структура, еластичност на вашата кожа и помага во процесот на стареење. Со помош на него исчезнува бледилото на кожата, а доколку го има доволно брчките се појавуваат многу побавно.
Одредена храна може да го зголеми колагенот и треба да имаме предвид при изборот на храната што ќе ја конзумираме.
Пилешко месо
Пилешкото содржи сврзно ткиво, поради што е примарен извор на колаген. Пилешки врат и ‘рскавица се богат извор на колаген кој е добар за кожата и зглобовите. Тие се добри и за лекување на артритис. Затоа, ако јадете здрави количини на месо во комбинација со препорачаните дневни количини на зеленчук, тогаш на кожата и ги обезбедувате потребните хранливи материи за убав и младешки изглед.
Домати
Доматот е богат извор на витамин Ц, кој е исклучително важен за производство на колаген. Дури и единечна употреба на домати во вашиот оброк може да придонесе до 30 проценти од производството на колаген. Доматите исто така можат да се пофалат со голема количина на ликопен, моќен антиоксиданс кој е важен за кожата.
Белките од јајца
Белките од јајца содржат сврзно ткиво кое има огромни количини на пролин неопходни за производство на колаген. Белката е најдобра да се јаде за појадок.
Цитрусни овошја
Колагенот бара многу витамин Ц, а бидејќи агрумите се богати со витамин Ц, дефинитивно се препорачува да ги вклучите во вашата исхрана што е можно повеќе. Цитрусните овошја како портокалите, грејпфрутите, лимоните и мандаините се одлични за летните денови, а од нив можете да направите одлична летна салата.
Лук
Лукот може да се додаде во многу јадења за време на готвењето, и тој е важен во производството на колаген.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград