Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Намирници за детоксикација на нашиот организам

Објавено

на

    Современиот начин на исхрана и храната што ја јадеме е полна со тешки метали, пестициди, конзерванси и адитиви. Но постои храна која може да ни помогне да го исчистиме нашето тело на едноставен начин, а тоа е :

    Лимон – Лимонот е одличен детоксикатор. Ако не сакате да пиете чаши вода со лимон, користете го што почесто во кујната. Лимонот одлично ја заменува солта и во комбинација со некои зачини му дава одличен вкус на месото. Постојат многу причини да користите лимон и лимета во вашата секојдневна исхрана, бидејќи нивното детоксикативно дејство е огромно благодарение на високата содржина на минерали и витамини. Лимонот го поддржува варењето и го намалува задржувањето на водата во телото, го стимулира црниот дроб поефикасно да ги исфрла хемикалиите, ја разградува слузта и затоа е многу ефикасен за слузта во респираторниот тракт. Има антиинфламаторно дејство и благодарение на високата концентрација на витамин Ц е силен антиоксиданс. Го поттикнува создавањето на колаген и на тој начин го поддржува побрзото зараснување на раните и од истата причина делува на изгледот на кожата.

    Брокулата, карфиолот и кељот се од исто семејство. Оваа група на зимски зеленчуци е многу силна. Поддржува комплициран хемиски процес во телото кој е неопходен за добра општа состојба на телото. Тие содржат висока концентрација на глукозиноли, кои го стимулираат телото да произведува протеин кој деактивира одредени супстанции кои предизвикуваат рак. Благодарение на високата содржина на витамин Ц, тие се моќни антиоксиданси, содржат бета-каротен, кој во нашиот организам се претвора во витамин А, кој е неопходен за здравјето на нашите очи, за здрава кожа и, воопшто, за целиот имунитет.

    Кромид и лук – Од исто семејство потекнуваат и кромидот и лукот. Некои ги сакаат, некои не ги поднесуваат, но сè на сè, тие се неопходни во секој начин на исхрана. Тие содржат сулфур, кој е многу важен за црниот дроб и му помага да го ослободи телото од токсините. Кверцетинот е важно да се спомене бидејќи е забележано дека ефикасно го намалува нивото на холестерол во крвта, се бори против бактериите и алергиите, го спречува создавањето на згрутчување на крвта во крвните садови и ја намалува можноста за рак на желудникот.

    Црвен лут пипер – Црвениот пипер е достапен во текот на целата година и е одличен за зачинување на многу јадења на кои им дава посебен вкус. Ги смирува металоидите, ги намалува симптомите на настинка и грип, делува против габи, против воспаленија, влијае на телото да лачи ендорфин, кои се природни телесни хормони одговорни за доброто расположение и учествуваат во намалувањето на болката, делува против алергии, а најмногу од се одлично стимулира циркулацијата предизвикува потење, го зголемува пулсот и го стимулира варењето, сите процеси неопходни за детоксикација.

    Цвекло – кога ќе го спомнеме цвеклото, неговото дејство против анемија веднаш ни паѓа на памет, но цвеклото освен што содржи големи количества железо, важи и за супер храна бидејќи содржи многу вредни состојки во огромни количини кои имаат извонредни ефекти во детоксикација на организмот. Свежото цвекло ги чисти црниот дроб, слезината, жолчното кесе, содржината на магнезиум е многу висока, ја чисти крвта и го раствора калциумот, кој лесно се таложи во крвните садови. Без разлика дали е варено или сирово, го зајакнува имунитетот, и е многу важен антиоксиданс кој го забрзува метаболизмот.

    Леќа – Леќата е многу лесна за употреба и може да се додаде во голем број јадења, не само за да му даде посебен вкус на јадењето, туку и поради сите добри својства што ги содржи леќата. Леќата е полна со витамини, минерали, влакна, фолна киселина и е одличен извор на протеини. Одлична е за цревата, добра е за срцето и мозокот, добра за крвта, добра за телото воопшто. Користете ја што е можно почесто ако вашата цел е да живеете долго.

    Има безброј други неверојатно моќни намирници како што се јаболка, бадеми, авокадо, артичоки, но овие се само неколку. Не заборавајте да додадете и многу зачини во вашите јадења, како оригано, ким, мајчина душица, босилек, бибер.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 2 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Занимливостипред 3 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена