Вести
Напади, тепачки, пијанство… – над 100 нарушувања на јавен ред и мир во Гостивар за половина година
Во првите шест месеци од оваа година, Секторот за внатрешни работи Teтово регистрирал вкупно 111 прекршоци од областа на јавниот ред и мир во Гостивар и гостиварско.
Најголемиот број од нив се целосно расчистени, информираат од полицијата. Поднесени се 129 барања за поведување на прекршочна постапка со кои се опфатени 167 сторители. Најголемиот дел од прекршителите се мажи, додека припаднички на женскиот пол има само во неколку случаи.
Како најбројни нарушувања на јавниот ред и мир, полицијата ги регистрира физичките напади, кои речиси се дуплирале од лани. Потоа следуваат: тепачки, карање, дрско и непристојно однесување, навредување и омаловажување на овластено службено лице, оддавање на пијанство, користење на наркотични средства и друго.
Градските улици се местото каде најчесто се случуваат ваквите прекршоци, а во одредени случаи ги имало и во угостителски објекти.
Анализите на надлежните покажале дека како сторители најзастапени се невработените лица над 25 години.
Како карактеристично за овој период полицијата го издвојува намалениот број нарушувања во и околу училиштата, како и нарушувањата од меѓуетничка природа на целото полошко подрачје.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград