Вести
Нападнат 26 годишник од Добридол

Дваесет и шестгодишен жител на гостиварското село Добридол, вчера пријавил физички напад, што го извршиле три лица од Врапчиште, околу 18 часот и 50 минути, во берберницата во која работел.
„По кусата вербална расправија, поради нивни поранешни недоразбирања, еден од напаѓачите со метален боксирач го удрил во лицето и откако нападнатиот паднал на масата, во нападот се вклучиле и другите две лица, кои почнале да го удираат со тупаници по главата и телото, по што го напуштиле објектот“, стои во полициското соопштение.
Добридолецот се заобил со телесни повреди и му била укажана лекарска помош. СВР информира дека е извршен комплетен увид, пронајден е и подигнат метален боксирач и се расветлуваат сите поединости во врска со случајот, додека трите пријавени лица во текот на денот ќе бидат повикани во Полициското одделение Галате.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!