Поврзи се со нас

Бизнис

Направете вистински избор за сигурна иднина – Во тек се уписи на Универзитетот за Tуризам и Mенаџмент во Гостивар

Објавено

на

Секој млад човек што размислува за својата иднина, треба да одбере квалитетно образование според современи, модерени и проверени стандарди. Да се направи избор каде понатаму е голема животна одлука, но кога се нуди вистинска опција, чекорот секако се олеснува. Во Гостивар, младите имаат можност за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, каде уписите на нови студенти се во тек. Оваа високообразовна установа нуди избор од пет факултети на кои студирањето се одвива по врвна студиска програма предводена од извонреден академски кадар.

1. ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ
2. ФАКУЛТЕТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ
3. ФАКУЛТЕТ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ БИЗНИС
4. ФАКУЛТЕТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
5. ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ

По дипломирањето ќе се одликувате во професионалци со титули кои се актуелни на светскиот пазар на труд, порачуваат од УТМС. Она што го прави Универзитетот особено атрактивен е овозможувањето на практична примена на стекнатото теоретско знаење и тоа пракса во Македонија, но и платена пракса во странство. Во прилог на студентите одат посетите и учествата на Меѓународни саеми како и признати гости предавачи, стручњаци во својата област.


Студентите кои сакаат своето високо образование да го продолжат во странство или да се вработат, со дипломата од УТМС ја добиваат таа можност затоа што меѓународната образовна и бизнис јавност ја препознава како идентична со нивните. За тоа говорат примери на студенти кои својот едукативен или бизнис трансфер го направиле во странство. Докажано во многу примери, дипломците на УТМС веќе градат успешни кариери во Република Македонија и странство.

Подетални информации заинтересираните кандидати можат да добијат во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Гостивар.

Ул.: „Илинденска“ бр. 177
Тел.: + 389 78 838 530
s.trpeska@utms.edu.mk

                                                                         

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИВАТНА ВИСОКООБРАЗОВНА УСТАНОВА
УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ

Во согласност со член 108, став 4 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ број 35/2008, 103/2008, 26/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 130/2014, 10/2015, 20/2015, 98/2015, 145/2015, 154/2015,30/2016 и 127/2016), Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со седиште на булевар „Партизански одреди“ број 99, 1.000 Скопје, објавува

К О Н К У Р С

за запишување студенти на прв циклус универзитетски додипломски студии и втор циклус универзитетски (магистерски) студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во академската 2017/2018 година на македонски и англиски јазик 

 

1. Факултет за туризам
диплома прв циклус: дипломиран менаџер во туризмот
диплома втор циклус: магистер по менаџмент во туризмот

2. Економски факултет
диплома прв циклус: дипломиран економист
диплома втор циклус: магистер по економија

3. Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент
диплома прв циклус: дипломиран менаџер за односи со јавноста и меѓународен маркетинг менаџмент
диплома втор циклус: магистер по односи со јавноста и меѓународен маркетинг менаџмент

4. Факултет за претприемачки бизнис
диплома прв циклус: дипломиран менаџер по претприемништво
диплома втор циклус: магистер по претприемништво

5. Факултет за менаџмент на човечки ресурси
диплома прв циклус: дипломиран менаџер по човечки ресурси
диплома втор циклус: магистер по менаџмент на човечки ресурси

Магистерските студии од вториот циклус се од научното подрачје 5.00 општествени науки, поле 5.03 економски науки, 5.06 организациони науки и управување (менџмент) и 5.14. туризам и угостителство од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната Фраскатиева класификација.

I. Број на студенти

На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во прва година на прв циклус универзитетски додипломски студии, за горенаведените студиски програми, со времетраење од три години (шест семестри), во академската 2017/2018 година ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти, а на втор циклус студии 204 студенти.

II. Услови и критериуми за запишување

а) На прв циклус универзитетски додипломски студии
II.а.1. Услов за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии, за лицата кои ќе матурираат во учебната 2016/2017 година, е положена државна, училишна или меѓународна матура. Услов за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии е завршено четиригодишно средно образование, во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука на РМ. Право на запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии имаат и кандидати државјани на РМ кои средно образование завршиле во странство, како и странски државјани, под истите услови како и државјаните на РМ.

II.а.2. На прв циклус универзитетски додипломски студии на Универзитетот можат да се запишат и кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети и виши школи. Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, најмногу до 20% од вкупниот број редовни студенти на Универзитетот утврден во овој Конкурс.

II.а.3. Кандидатите се запишуваат како редовни, вонредни, или како студенти на далечинско студирање, со самофинансирање на студиите, во износ утврден со одлука на Ректорската управа на Универзитетот. II.а.4. Кандидатите се запишуваат без полагање приемен испит.

II.а.5.Основен критериум за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии за лицата кои ќе матурираат во учебната 2016/2017 година е успехот постигнат во средното образование и државната матура, односно училишната матура или завршниот испит, а за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2006/2007 година и порано е успехот постигнат во средното образование.

Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа:
• Општиот успех постигнат по сите предмети учествува со 60%,
• Успехот од државната матура, односно училишната матура или завршниот испит и резултатот од екстерното проверување на постигањето на успехот на ученикот учествува со 40%.
II.а.6. Вреднувањето на успехот од средното образование и државната матура се врши според утврдени критериуми во Правилникот за условите и критериумите за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

б) На втор циклус универзитетски магистерски студии

II.б.1. Право на конкурирање за запишување на вториот циклус (магистерски) студии имаат кандидати (државјани на РМ и странски државјани) што ги исполнуваат следните општи услови:

• Да имаат завршено прв циклус универзитетски студии, во траење од четири години на акредитирани универзитети, односно факултети во Република Македонија или во странство и освоени 240 ЕКТС;
• Да имаат завршено прв циклус универзитетски студии, во траење од три години на соодветни или сродни додипломски студии, на акредитирани универзитети, односно факултети во Република Македонија или во странство и освоени 180 ЕКТС .
• Познавање на најмалку еден светски јазик (се докажува со документ од соодветна образовна установа).
II.б.2. Кандидатите се запишуваат како редовни, вонреди или како студенти на учење на далечина со самофинансирање на студиите во износ определен со одлука на Ректорската управа на Универзитетот.

III. Рокови за пријавување и запишување

а) Прв циклус додипломски универзитетски студии
Пријавувањето на кандидатите ќе се врши од:
– објавувањето на конкурсот до 31 август 2017 година, за првиот уписен рок,
– 01.09.2017 година до 14.09.2017 година, за вториот уписен рок,
– 15.09.2017 година до 01.10.2017 година, за третиот уписен рок.

Објавувањето на резултатите за кандидатите кои ги исполнуваат условите за запишување ќе се изврши на:
– 01 09.2017 година, за првиот уписен рок,
– 15.09.2017 година, за вториот уписен рок и
– 02.10.2017 година за третиот уписен рок.

Доколку бројот на студенти пропишани во овој Конкурс не се пополни во горе утврдениот рок, Универзитетот ќе објави дополнителни уписни рокови, за што заинтересираните кандидати навреме ќе бидат информирани.

б) Втор циклус универзитетски магистерски студии
Пријавувањето на кандидатите ќе се врши од објавувањето на конкурсот до 09.11.2017 година. Објавувањето на резултатите за примени кандидати на 10.11.2017 год.

IV. Документи за пријавување и запишување
При пријавувањето за запишување кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
а) за запишување на прв циклус (додипломски) студии:
1. пријавен лист за запишување (го добиваат на Универзитетот);
2. оригинални свидетелства од сите учебни години (I,II,III,IV година);
3. соодветни документи за завршена државна матура, училишна матура или завршeн испит и додаток на сведителство по спроведеното екстерно проверување на постигнатиот успех на ученикот;
4. извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ) и
5. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение), односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани.

б) за запишување на втор циклус (магистерски) студии:
1. пријавен лист за запишување (го добиваат на Универзитетот);
2. диплома, додаток на диплома или уверение за положени испити, како и документ за познавање на еден од светските јазици;
3. извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ) и
4. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение), односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани.

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти, освен горенаведените документи, поднесуваат и договор за вработување или лекарско уверение.

Странските државјани треба да извршат нострификација на документите за стекнато средно, односно високо образование во Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат препис од документите за свои потреби.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
1. две фотографии (3х4 см.);
2. доказ за уплатени средства за студирање.
Пријавувањето може да се изврши и по електронски пат.

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Гостивар, со седиште на Ул. „Илинденска“ бр. 177“ во Гостивар.

Тел.: + 389 78 838 530
s.trpeska@utms.edu.mk

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена