Поврзи се со нас

Македонија

Нарачале технички апарат, добиле детска играчка – зголемен бројот на измами при онлајн купувањето

Објавено

на

Во последните три години интензивирано е купувањето онлајн, но зголемен е и бројот на поплаките, посебно во делот на нелегалната интернет продажба. „Најголемиот број поплаки се однесуваат токму на нелегалната продажба, од нерегистрирани субјекти на социјалните мрежи. Потрошувачите се измамени, им се доставуваат производи со различен квалитет и боја од она што го нарачале, некогаш им се доставуваат и детски играчки, а нарачале технички апарат. Исто така, не им се доставува гаранција. Тука посебно треба да се внимава“, велат од Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Евидентирани се поплаки и поради проблеми со платежните картички.

„Има случаи кога потрошувачите купувале нешто на некоја платформа, ставиле картичка и кај нас се јавуваат по неколку месеци да пријават дека од картичката им биле симнати по 2 000 – 3 000 евра. Тоа е зашто потрошувачите не внимаваат каде ја оставаат картичката, ставаат податоци и по неколку месеци може да им бидат повлечени пари од сметката. Затоа апелираме постојано и едуцираме – да не се даваат личните податоци, ниту картичките кога се купува онлајн“, предупредува ОПМ.

Треба да се внимава и на онлајн продавачите, посебно ако се утврди дека немаат оставено конаткт или адреса.

„Треба да се истражи дали таа „продавница“ навистина постои физички. Ако не, тоа дава некаков сигнал дека е можеби нелегална. Кај нас се уште нема механизам за нелегалните онлајн продажби и потрошувачите нема како да се заштитат. Одат во Државниот инспекторат, но без фискална сметка, фактура, доказ за плаќање и не можат да си ги остварат правата. Нашата препорака е – да се внимава од кого се купува и без фискална сметка или дург доказ, да не се подига производот што ни е доставен“, подвлекуваат од ОПМ

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Популарно изминативе 100 дена