Гостивар
Наредна недела корона скрининг на медицински персонал, воспитувачки, таксисти, полиција…

Институтот за јавно здравје прави план за скрининг за коронавирус на лица за коишто се смета дека се во критични категории како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижувањена стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација.
„Со скринингот, кој ќе се прави со PCR тестови, ќе се овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови. Во текот на следните денови ќе биде готов новиот алгоритам и ќе се дефинира таргетираниот број на тестови што ќе се прави дневно. Кластерите по возраст и хронични болести би биле опфатени со испитувања во натамошниот период, за да се види прокуженоста на населението од овој вирус. Матичните доктори ќе го добијат новиот алгоритам и преку МојТермин ќе закажуваат тестирање на одреден број лица според можностите на системот на дневна база. Брисевите ќе се земаат во постојните пунктови и ќе ги транспортираат Центрите за јавно здравје во претходно одредени лаборатории.“, соопшти Министерството за здравство.
Од таму наведуваат дека стратегијата од почетокот на епидемијата за тестирање на пациенти со симптоми дала добри резултати без да ги оптовари капацитетите за тестирање и за хоспитализација. Тоа што во изминатите денови имаме намален број на тестирања е доказ дека бројот на активни пациенти во нашата земја значително се намалува што уште еднаш ја потврдува успешноста на досегашните чекори, велат од МЗ.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!