Вести
Народна банка предупредува на лажни мејлови преку кои се вршат злоупотреби и кражби

Во изминатиов период, забележана е појава на испраќање електронски пораки до е-адреси на лица од Република Македонија со лажно претставување, во име на некоја институција, организација или поединец, со кои испраќачите имаат за цел, повикувајќи се на лажниот идентитет, противправно да остварат финансиска корист и да приберат лични податоци коишто потоа можат да бидат злоупотребени, предупредува Народна Банка на Република Македонија. Од НБРМ наведуваат дека во дел од пораките што се упатени до одредени е-адреси на лица од земјава, непознатите испраќачи лажно се претставувале и во нивно име, а пораките не се испратени од системите на институциите.
„Укажуваме на потребата од внимателно постапување доколку имате добиено или ако во натамошниот период добиете вакви пораки за коишто цените дека се од сомнителен карактер, односно пораки во коишто ви се нуди нешто што не делува остварливо и вистинито и во коишто има претставување во име на финансиска институција, вклучително и во име на НБРМ. Поконкретно, доколку не сте сигурни дека станува збор за порака испратена од легитимна е-адреса на финансиска институција, укажуваме дека е потребно да ја игнорирате таквата порака и да не започнувате комуникација во којашто ќе дадете ваши лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка.“, соопштија од НБРМ.
Надлежните советуваат доколку сметате дека електронската порака можеби е испратена од финансиска институција, најпрво да се обратите до институцијата, вклучително и до НБРМ, ако некој настапил во име на централната банка.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести