Занимливости
НАСА сподели повеќе слики од „Веб“, најмоќниот вселенски телескоп изграден досега
Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) денеска претстави серија слики што го откриваат потенцијалот на „Џејмс Веб“, досега најголемата и најмоќна вселенска опсерваторија пуштена во употреба.
Се смета дека напредните технологии со кои е оспособен овој телескоп ќе го променат начинот на кој луѓето ја гледаат вселената.
На настан што започна претпладне во вселенскиот центар „Годард“ во Мериленд, а кој беше пренесуван во живо на Јутјуб каналот на НАСА, официјални лица и претставници на агенцијата споделија сцени снимени во првите недели од работата на „Веб“, лансиран во декември.
Опсерваторијата, наместо околу Земјата како претходниот вселенски телескоп „Хабл“, кружи во орбита околу Сонцето на растојание од 1.5 милиони километри од нашата планета.
Четирите слики претставени денеска ја прикажуваа небулата Карина, потоа снимка на четири галаксии наречена Квинтет на Стефан, атмосферски отчитувања од планетата ВАСП-96б која кружи околу далечна ѕвезда и сцена од планетарната небула Јужен Прстен.
Претседателот Џо Бајден во Белата куќа синоќа откри „длабоко поле“ на вселената, претстава од галаксии создадени во време многу поблиско до почетокот на вселената. Вселенскиот телескоп и мисијата се дело на НАСА, а учествуваа и Канадската вселенска агенција (КСА), како и Европската вселенска агенција (ЕСА).
фото: NASA, ESA, CSA, and STScI
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди