Занимливости
НАСА формира тим од научници за проучување на НЛО

НАСА планира да собере тим научници за проучување на „неидентификувани воздушни феномени“, вообичаено наречени НЛО, што ја покажува сериозноста со која американската влада го третира тој проблем. Американската вселенска агенција соопшти дека фокусот ќе биде ставен на идентификување на достапните податоци, на најдобрите начини за собирање идни податоци и како да се користат тие информации за да се подобри научното разбирање на проблемот.
НАСА ги избра Дејвид Спургел, кој претходно го водеше Одделот за астрономија на Универзитетот Принстон и Даниел Еванс, постар истражувач во Дирекцијата за научни мисии на НАСА, да ја спроведат студијата.
Тимот научници треба да се состане до есен, по што ќе потроши околу девет месеци подготвувајќи јавен извештај за своите наоди. НАСА ќе потроши „неколку десетици илјади долари“, но не повеќе од 100.000 долари на напорите, додаде Еванс.
Ова доаѓа една година откако американската влада објави извештај подготвен од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање во соработка со работна група предводена од морнарицата. Двајца функционери на Пентагон сведочеа на 17 мај на првото конгресно сослушување за НЛО по половина век.
„Неидентификуваните појави во атмосферата се од интерес за националната безбедност и за воздушната безбедност. Утврдувањето кои феномени се природни е првиот клучен чекор за идентификување или уверување на таквите појави, што е во согласност со една од целите на НАСА – да се обезбеди безбедност на авионите“, се вели во соопштението на НАСА.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022