Занимливости
Населба која изгледа како град од Лего коцки

Посебен станбен блок од згради – населба во Киев, „Comfort town“ или „Град на удобноста“ од птичја перспектива изгледа како град направен од ЛЕГО коцки. На оваа населба дефинитивно не и недостасува боја и доста интересно изгледа.
„Comfort town“е посебен станбен блок во Киев, необична населба која привлекува внимание поради дизајнот инспириран од LEGO. Иако е дел од Киев, поради својата изолација и специфичната архитектура, често се нарекува посебен град.
Овој простор е создаден како станбен проект на архитектонското биро „Архиматика“, а се градел 11 години.
Овие шарени 180 згради или 8.500 апартмани се навистина инспирирани од детските LEGO коцки. Тоа што лего коцките не го привлекуваат само детското внимание го искористија архитектите Дмитро Васиљев, Александар Попов, Олга Алфјорова од горенаведената компанија.
Тие нашле инспирација во шарени градежни блокови за проектот „Comfort town“, станбен блок во Киев, Украина. За реализација на проектот биле потребни 11 години и се наоѓа во поранешната „индустриска зона“.
Кога го презеле проектот, целта на архитектонското биро била да ја развие таа индустриска област во прекрасен станбен блок кој може да привлече купување на становите.
Архитектите имале слобода во одлуките поврзани со трансформацијата на областа во место каде што луѓето навистина би сакале да живеат, па затоа не е чудно што тимот изградил нешто што изгледа како град на LEGO. Со зградите прекрасно обоени со комбинација на светли, привлечни нијанси и привлечни пастели, „Comfort town“е тешко да не се забележи.
Населбата „Comfort town“, станбен блок, има сопствен малопродажен комплекс од 4.500 метри квадратни, теретана од 4.600 метри квадратни и надворешен спортски објект од 1,5 хектари. Исто така има и кафулиња, продавници и канцеларии погодно лоцирани на долните катови на станбените згради
Станбениот блок „Comfort town“ бил особено прифатен од помладите генерации градски семејства и професионалци кои живеат во градот и кои уживаат во поевропски начин на живот во споредба со советскиот, кој е вкоренет во градот.
Во согласност со минималистичкиот стил на градот, архитектите се одлучиле за згради со едноставни форми инспирирани од геометријата и целосно рамни екстериери.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение