Гостивар
Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар
Средношколците од гостиварската гимназија денес дебатираа на теми врзани со социјалната правда, еднаква можност за образование, здравство, праведно судство, вработување и сл. Со овој настан училиштето го одбележа Светскиот ден на социјалната правда, 20 Февруари.
„Социјалната правда ја унапредуваме кога ја отстрануваме социјалната исклученост на одредени групи граѓани по било која основа пол, возраст, етничка припадност, култура, попреченост. Општествата кои имаат поголема социјална правда и еднаквост се поуспешни. Економијата функционира подобро, образовниот систем е поефикасен, луѓето се поздрави ,живеат подолго и се посреќни со можностите кои им ги нуди животот“, порачаа учениците потенцирајќи дека социјалната неправда во училиште подразбира секаков облик на дискриминација и обесправување на поединци или групи во училиштето, како и формирање на доминантни и потчинети групи.
Гимназијалите сметаат дека во општеството нема силна борба против социјалната неправда.
„За жал во нашето општество, граѓаните по линија на помал отпор, наместо да се борат против социјалната неправда ,се трудат да се вклучат во доминантните групи во општеството со цел да ги уживаат привилегиите и со тоа долеваат вода на цвеќето кое се вика социјална неправда. Борбата против социјалната неправда е тешка, но нас како помлада генерација крајна цел ќе ни биде поправедно општеството и примена на социјалната правда, рамноправност, борба против сиромаштијата и обесправеноста.“, рекоа тие.
Одбележувањето на меѓународниот ден на социјалната правда е дел од проектот Мировно образование со поддршка на Првата детска амбасада на светот Меѓаши.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник