Гостивар
„Наша Македонија“ манифестација во чест на Илинден во Гостивар

Со интонирање на македонската химна и едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите за слобода, вчеравечер во летниот Амфитеатар, крај Вардар во Гостивар започна манифестацијата „Наша Македонија“, во чест на големиот празник 2-ри август, Илинден.
„Оваа прослава е посветена на 116 години од првиот славен Илинден, од којшто се` започна и јубилејот 75 години од Асномскиот Илинден, на кој вековните идеали на многубројните поколенија се остварија. Денес, земјата на многубројните херои кои паднале и ги посеале коските низ цела Македонија им станува полесна, во мир ја гледаат светлината на нашата слобода“, рече Предраг Ристески, дел од организацискиот тим.
Културно-уметничкиот дел од манифестацијата го отвори Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“, со настап на оркестарот и фолклорната група со сплет на македонски традиционални народни ора и песни. Пред гостиварци се претстави и културно-уметничкото друштво „7-ми Септември“ од Македонски Брод.
Младата гостиварка Кристина Јовановска настапи во два музички блока, со изведба на македонски народни песни и популарни поп мелодии.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош