Поврзи се со нас

Култура

Нашата сограѓанка со глас на славеј, легенда на народната музика

Објавено

на

Сончевиот и пријатен ден ќе се обидеме да ви го разубавуваме уште повеќе со песна од легендата на македонската народна музика, нашата сограѓанка, Костадинка Палазова Ѓорѓиоска.

Жена со богато животно искуство и плодна кариера во која има снимено околу триста народни песни, со сите три оркестри на Македонската радио телевизија. Работела и со Големиот народен оркестар на Пеце Атанасовски, Чалгиите на Илми Баки, соработувала со Кочо Петрески, со Драги Митев, Миодраг Јашаревиќ од Сараево,  Бранко Миленковиќ од Белград, Костадин Гугов од Софија и со многу други познати музички имиња

Родена е 1939 година, во село Едомени–Гумение, Егејска Македонија, а своите рани години од животот, како дете на бегалци од Егејска Македонија, ги поминува во постојани преселби. Животот ја донел во Гостивар. Еден период работела како учителка во селото Сретково, потоа како наставничка во селото Симница, а подоцна во училиштето Единство, во Гостивар, од каде што и се пензионира.

Нејзината пејачка кариера започнува со учеството во емисијата ,,Вие пред микрофонот”, на Радио Телевизија Скопје, каде освоила прва награда. Почнува да пее и снима од 1960 година.

Настапувала во Европа, Америка, Канада, Австралија, Индонезија, Тајланд, Сингапур, Куалалумпур, Дубаи. Минатата година, Центарот за култура во Гостивар на Палазова и додели плакета за афирмација и негување на македонската традиционална песна.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена