Вести
Насир Муслиу од ДУИ избран за претседател на Советот – Алијанса за Албанците со коалиционите партнери ја напуштија седницата

Конститутивната седница на Советот на општина Гостивар денес помина со повеќе паузи и во напната атмосфера. За претседател на Советот беше реизбран Насир Муслиу од ДУИ, откако претходно советничките групи на Алијанса за Албанците, БЕСА, ДНЕТ и ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата. ДУИ направи мнозинство во Советот со поддршка на СДСМ, НДП-Унитети и советникот Кашмир Салиу од Демократски сили на Ромите.
На гласањето за претседател му претходеа реакции дека не се исполнети условите со оглед на тоа што општинската служба за техничка поддршка, пребројување на гласови, превод и записник по една од паузите не се врати во салата. Присутните советници од своите редови избраа одговорен за составување на записник, па преминаа на изборот на претседател.
„Општинската администрација има обврска да биде на располагање на Советот за време на седницата и тоа што тие заминаа и не се вратија, треба да понесат одговорност. Сепак, се создадоа услови за одржување на седницата и мене ми е чест што сум повторно избран за претседател. Ветувам дека како Совет ќе работиме за доброто на сите граѓани“, изјави Насир Муслиу.
„Денес се конституираше Советот на општина Гостивар и во име на мојата советничка група како дел од мнозинството сакам да потенцирам дека ќе се посветиме на работата и ќе бидеме транспаретни и одговорни. Разочаран сум од односот на советниците од Алијанса за Албанците и ВМРО ДПМНЕ да ја напуштат седницата“, рече Зоран Ангелов од СДСМ
Од Алијанса за Албанците најавија дека во текот на денот ќе дадат реакција во писмена форма за текот и исходот од денешната седница.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!