Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Насмевката – лек за сите болести

Објавено

на

Луѓето кои почесто се смеат се поздрави. Овој факт е поткрепен со безброј научни истражувања кои се правени многу години.

Поради големото позитивно дејство кое насмевката го има врз здравјето на луѓето, во шеесеттите години од минатиот век е создадена геотологијата – наука која го проучува влијанието на насмевката. Оваа наука од година во година сѐ повеќе и повеќе се надградува, бидејќи сѐ поголем е бројот на евидентирани случаи во кои причина за излекување од одредена болест е токму смеењето.

Покрај тоа што ќе ви се подобри расположението додека се смеете, имајте предвид дека смеењето истовремено и ве лекува.

Во продолжение на статијата информирајте се зошто е здраво сѐ почесто да се смеете, односно на што точно влијае насмевката во вашиот организам.

  • За време на смеењето од телото се ослободуваат сите акумулирани и наталожени стравови, се ослободува бесот, гневот, агресивноста и тремата.
  • Пред некоја важен настан ако има соодветна смешна ситуација која ќе ве натера да се изнасмеете од срце, не штедете ја насмевката во никој случај, затоа што после тоа концентрацијата ќе ви биде на високо ниво, објективно ќе ја согледувате ситуацијата, ќе бидете повнимателни кон себе и кон другите, покреативни, полни со самодоверба и со невидена леснотија ќе ги извршите предвидените активности, затоа што ќе бидете ослободени од сѐ што е негативно во вас благодарение токму на смеењето.
  • Смеењето го зајакнува имуниот систем при што ги уништува ќелиите кои се заболени од бактерии и вируси.
  • Смеењето ја подобрува работата на срцето и крвотокот, ја зголемува фреквенцијата на срцето кое може да достигне и до 120 отчукувања во минута. Како резултат на добрата циркулација се активира одбранбениот систем на телото, се подобрува размената на материите, се намалува покачениот притисок и се намалува нивото на шеќер во крвта.
  • Смеењето го зголемува капацитетот на белите дробови со што ги снабдува со големо количество на кислород.
  • За време на смеењето се лачи хормонот на среќата кој според истражувачите претставува природен аналгетик.
  • Смеењето ја намалува и во некои случаи сосема ја отстранува болката кај луѓето заболени од артритис, ги ослободува грчевите од мускулите, ги намалува спондилотичните болки, главоболките и мигрената.
  • Покрај што смеењето дава сила, охрабрува и релаксира, тоа исто така и го забрзува процесот на оздравување.
  • За време на силно и долготрајно смеење во телото се активираат повеќе од 300 различни мускули, со чија стимулација се подобрува нивната функција, а како резултат на тоа се подобрува и општото човеково здравје. Додека вие се смеете мускулите на дијафрагмата, лицето, стомакот, грбот, нозете и рацете се ставени во ваша функција.

Само луѓето имаат способност да се смеат и не залудно им е токму нив дадена таа способност. Искористете ја оваа способност максимално и смеете се колку што можете повеќе, на тој начин ќе бидете поздрави, посреќни и полни со самодоверба.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена