Поврзи се со нас

Гостивар

Настан „Да ја продолжиме традицијата“ во Гостивар: Поддршка, едукација и мотивација за руралните жени

Објавено

на

    Предизвиците и препреките на жените од руралните средини се бројни, поради што е неопходна поголема поддршка од институциите и заедницата за нивно совладување и надминување. Ваква порака беше испратена од манифестацијата „Да ја продолжиме традицијата“ која денес се одржа во Гостивар.

    Настанот на едно место, собра рурални жени од гостиварско, Дебар, Центар Жупа и Маврово, кои на штандови ја претставија својата традиција преку храна и ракотворби, разменија искуства и се информираа околу мерките за поддршка на земјоделските стопанства.

    Манифестацијата ја организира здружението „Моја фарма“ од Гостивар, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

    „Целта на манифестацијата е да се зголеми јавната свест за проблемите со кои се соочуваат руралните жени. Исто така, да испратиме силна порака до институциите како што се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија и труд за подобрување на сегашната состојба во која се наоѓа руралната жена, а воедно да се создаде и едно вмрежување, размена на искуства со разни чинители како на локално ниво, така и со институции, организации. Воедно и да ги промовираме мерките од МЗШВ.“, нагласи Ранкица Божиноска, членка на здружението „Моја фарма“.

    Претседателката на здружението, Живка Ѓурчиновска во поздравното обраќање пред присутните меѓу другото истакна:

    „На жените од руралните средини им треба поттик и мотивација, а ваквите манифестации се одлична можност за тоа, како и да се слушне гласот на руралната жена. Ние, како здружение секогаш се стремиме да ги вклучиме жените во разни активности, да ги покренеме да се дружат, да разменуваат идеи и искуство како да се справат со предизвиците и да бидат активни и информирани за сѐ она што претставува можност во земјоделското стопанство“.

    Гости на настанот годинава беа членките на Здружението „Радика Де“ од Дебар, Центар Жупа и Маврово.

    Денешното, беше петто по ред издание на манифестацијата „Да ја продолжиме традицијата“.

    Инаку, вреди да се спомене дека здружението „Моја фарма“ од Гостивар моментално има 40 активни членки. Бројот секоја година се зголемува, а сѐ почесто се вклучуваат и младите.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена