Поврзи се со нас

Занимливости

Настан што го промени светот – АТЕНТАТОТ на ГАНДИ

Објавено

на

… Во раните попладневни часови го посети американската новинарка Маргарет Бурке – Вајт и му постави едно предизвикувачко прашање на тема – ненасилство: „Еден авион фрла атомска бомба на некој град – што на тоа би рекле заговорниците на традиционалното начело на индиската филозофија – ахимса?“ Ганди одговара без двоумење: „Ненасилството е единственото нешто што бомбата не може да го уништи. Војниците против насилството бестрашно би излетале низ улиците да се молат за пилотот на авионот. Таа жртва не би била залудна.“

Петок е. 30 јануари 1948 година. Мохандас Ганди, кому Индијците му го дале прекарот Махатма – голема душа, после овој состанок ќе поживее уште само неколку часови.

Од 15 август 1947 година, Индија е независна, а Ганди беше градител на таа независност. Но, патот низ слободата го водеше сосема поразлично отколку што тој се надеваше. Некогашната џиновска колонија на Велика Британија се подели на една исламска држава, Пакистан и една хинду-држава, Индија.

Набрзо потоа во двете земји дојде од етничко чистење. Пакистан го протера хундуистичкото малцинство, а Индија муслиманите. Десет милиони жители беа во прогон, а половина милион починаа за кратко време.

Ганди со запрепастеност гледаше на прогонствата и побрза во калкута на свој начин да се побуни против тоа безумите. Предупреди дека ако колежот не престане тој ќе гладува сѐ до смрт. Секој ден стануваше сѐ послаб и послаб додека двете страни, за негова љубов, не попуштија е се согласија на примирје.

Но, набрзо во Делхи повторно се распламтија крвави борби меѓу муслиманите и хиндусите. Махатма, кој веќе наполни 79 години, повторно почна да гладува за мир и успеа да го запре колежот на спротивстаавените страни. Кон крајот на јануари 1948 година тој имаше едвај 50 килограми, но и натаму неуморно работеше на новиот Устав на државата.

Политичарите мора да зрачат со скромност, сметаше тој… и да живеат во колиби, а не во дворци. Што се однесува до тоа, Ганди покажуваше добар пример: се облекуваше во едноставна памучна наметка што сам си ја ткаел и едвам поседувал нешто повеќе од она што го имал на себе.

Околу 16 часот, на 30 јануари 1948 во посета го прими заменикот на премиерот, Сардар Пател и премиерот Џавахарлал Нехру. Тие двајца политичари биле во постојан конфликт. Во текот на заедничкиот ручек, Ганди се обидува да го ублажи спорот. За јадење имало зеленчук, козјо млеко и портокал. Разговорот не дал резултати. Околу 17 часот внуката на Ганди, Абха, го прекинала разговорот потсетувајќи го вујко си дека го чекаат на терасата каде што тој секој ден во тоа време ги држел своите проповеди.

Махатма веднаш станал и почнал да се подготвува за настап. Во Делхи веќе паднал мракот и надвор времето било свежо. Ганди преку рамото носи бел волнен шал. На патот низ градината го придржуваат внуките Абха и Ману. Точно е 17 часот и 10 минути.

Петстотини поклоници се веќе беа насобрале пред неговата куќа. Ганди мора да се пробие низ толпата. Непосредно пред да дојде до терасата, еден човек во сина кошула енергично му приоѓа. На прв поглед изгледа како некој што во знак на длабока почит сака да се поклони пред него. Ману се обидува да го оттурне на страна бидејќи на Ганди му се брза да ја почне навреме својата проповед. Но, човекот ја удира младата жена, вади пиштол и трипати го повкелува чкрапалото. Од третиот куршум Ганди паѓа и умира на лице место.

Се утврдило дека атентатор бил Натхурам Винајак Годсе, 37 годишен браманец и хинду националист. Стрелајќи во Махатма сакал да ја урне филозофијата за ненасилство: таа ќе ги омекне индусите, а земјата, тврдел тој, нема да може да се брани од агресорите ако и натаму го слуша Ганди.

Уште на денот на атентатот премиерот Нехру ѝ се обрати преку радио на нацијата: „Светлината нѐ напушти и секаде владее мрак…“

Сѐ до денес ниту светската, а ниту индиската политика не се придржува кон принципите и идеалите за кои се залагаше човекот со огромно срце – Махатма Ганди.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 6 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 7 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 8 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 10 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 10 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 11 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 13 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена