Поврзи се со нас

Гостивар

Настан во Гостивар „Дарувај љубов, за да добиеш љубов“ за децата и лицата со попреченост

Објавено

на

Позитивна енергија, насмевки, прегратки и задоволство. Во ваква атмосфера помина денешниот настан во Гостивар посветен на децата и лицата со посебни потреби, кој се одржа во гостиварската подружница на Ресурсниот центар. Креативната работилница се органиираше на иницијатива на Општина Гостивар, во соработка со здруженијата кои се занимаваат со оваа област и Центарот за социјална работа, по повод на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Присутните учествуваа во креативни рачни изработки, цртаа и создаваа уметнички дела, а најважна од се‘ беше дружбата и топлината што ја почувствуваа сите, и домаќините и гостите.

„Идејата ни беше да им дадеме можност на децата да работат нешто убаво, да креираат и да имаме една опуштена дружба. Сакаме да го претвориме овој центар во место кадешто децата и лицата со попреченост ќе доаѓаат да се дружат, да имаат разни обуки, активности, едноставно за секаква намена. Денешниот настан има мото „Дарувај љубов, за да добиеш љубов“ и во таа насока би ги повикала сите граѓани на Гостивар, а и пошироко да им даруваат љубов на овие деца за да добијат љубов, бидејќи овие деца знаат да даваат многу љубов.“, истакна Маргарита Милошеска, координатор на Ресурсниот центар.

Имерлие Салиу од Секторот за социјални дејности и детска заштита изрази благодарност до сите што се вклучија во реализацијата на настанот и истакна дека на ваков начин се промовира инклузијата на лицата со посебни потреби во општеството.

Од Центарот за социјална работа во Гостивар најавија дека во следниот период ќе ги посетуваат семејствата кои имаат членови со попречености, со цел да ги информираат за функцијата и можностите на Ресурсниот центар.

„На подрачјето кое ние го покриваме со општините Гостивар, Маврово Ростуше и Врапчиште имаме регистрирано околу 240 такви семејства, корисници на права. Планираме да ги посетиме и да ги запознаеме со проектите и активностите за и тие да бидат дел и да се вклучат во нив. Институциите и здруженијата ќе бидат во тесна соработка со една цел, тие деца да не останат затворени дома, туку да ги посетуваат овие убави активноти и просторијата која е наменета за нив“, рече Азби Шаќири, раководител на Центарот за социјална работа во Гостивар.

Во знак на благодарност за поддршката и ангажманот, децата со посебни потреби им подарија свои изработки на општинските претставници.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 7 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 9 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 10 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 13 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена