Што, како, каде?!
Натпревар на сезоната за гостиварци: КК Гостивар – МЗТ Скопје, вторник, 18 часот
После 48 часа пауза во вторник, во Младост, се игра вториот натпревар од полуфиналната пресметка помеѓу КК Гостивар и МЗТ Скопје. „Штрковите“ го добија првиот дуел во Скопје и имаат 1-0 во серијата, подобар од пет.
За Гостивар слободно може да кажеме ова е натпревар на сезоната. Со победа КК Гостивар ќе ја продолжи еуфоричната атмосфера за најмалку уште 3 дена, закажувајќи уште еден натпревар, а се почнува од почеток и за двете екипи. Втора победа за гостите значително би ја зголемила предноста во полуфиналето, ќе имаат меч топка на домашен терен во третата пресметка.
Гостивар е подготвен за спектаклот што следи, после инвазијата на Аеродром во неделата и одличното издание на гостиварската публика и гостиварските навивачи, за вториот натпревар може само да претпоставуваме што ќе се случува во Младост.
Поддршката од трибините на овој натпревар на “бело-сините” им е повеќе од потребна. Кошаркарите, тренерот, управата ги повикуваат сите љубители на кошарката од Гостивар и регионот, да дојдат и достоинствено ги поддржат гостиварските кошаркари.
Поради важноста на натпреварот, големиот интерес и дополнителните контроли на влезовите, КК Гостивар ја замолува публиката да пристигне барем 15 минути порано од планираното време. Од клубот уште информираат обезбедени се навивачки реквизити за публиката, за комплетна аудио-визуелна „лудница“.
Натпреварот КК Гостивар – МЗТ Скопје, започнува во 18 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар