Поврзи се со нас

Деца Родители

Натпреварувањето ги мотивира децата да бидат поуспешни

Објавено

на

Натпреварувањето за престиж кај децата се јавува од четвртата година  и  се карактеризира со желбата на детето да се истакне пред другите деца и да ги надмине другите деца. Натпреварувањето или ривалството кај децата е еден вид на социјално однесување. Во четвртата година кај детето започнува да се јавува желбата за натпреварување со другите деца, а веќе од шестата година кај децата се јавува добро оформен натпреварувачки дух.

При натпреварување со своите пријатели детето станува возбудено и бучно, кога две деца се натпреваруваат тој натпревар може да помине и без расправија ,но доколку тука се помеша и трето дете тој натпревар завршува со расправија.

Еден од најчестите облици на натпреварување кај децата е фалењето дека детето е прво во некоја активност, дека има нешто што другите немаат. Натпреварувањето често е присутно и во семејството помеѓу браќата и сестрите доколку помеѓу нив постои љубомора, таа љубомора може да биде појачана и од страна на родителите доколку еден од родителите заземе страна на едното дете, другото дете ќе се чувствува запоставено. Ривалството помеѓу децата е често поврзано и со зависта на детето – зошто другите деца да имаат нешто поубаво и подобро. Таа завист може да биде и позитивна доколку детето настојува да научи или да направи нешто исто како и неговиот другар или нашто подобро. Таквиот начин на размислување на детето го тера детето да се бори во животот да биде се подобро и подобро,и да постигне подобар успех од другите.

Интересот за социјален престиж кој го дава ривалството во периодот на раната школска возраст е особено истакнато, тоа може да се забележи во интересот на децата за разни видови на спортови и спортски игри. Желбата на детето да биде подобро од другите деца е присутна дури и во оние активности што не се интересни за детето како што се школските активности.

Начинот на кој што ривалството влијае на однесувањето на детето ќе зависи од староста на детето како и личноста на детето.

Кога во натпреварот некое дете добие награда, другите деца што изгубиле може да бидат разочарани, тоа кај децата може да ги натера да бидат следниот пат поупорни и да се потрудат повеќе, првиот губиток може да ги натера и мотивира за следниот пат да бидат поуспешни.

Додека едни деца се заинтересирани за натпреварување во групата бидејќи успехот им носи поголемо социјално признание и престиж, има деца што знаат дека не може да бидат подобри од другите но сепак се се трудат да ги надминат тие деца и ќе доживеат разочарување. Доколку тоа често им се случува тие деца ќе оформат за себе слика дека се неуспешни и дека за да постигне некој поголем успех ќе треба да вложи голем труд.

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа – Гостивар

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 2 часа

Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Македонијапред 4 часа

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Светпред 6 часа

Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години

Спортпред 7 часа

Македонија против Холандија вечерва во 2. коло од Светското првенство во ракомет

Гостиварпред 7 часа

Викенд временска прогноза

Здравје и убавинапред 8 часа

Која храна треба да се внесува, а која треба да се избегнува за време на настинка?

Занимливостипред 22 часа

Ова е Европскиот автомобил на годината

Македонијапред 24 часа

Вработените во инспекторатите не зеле декемвриска плата, протестот организиран од УПОЗ продолжува

Гостиварпред 1 ден

За еден ден 100 пријавени за вадење на светиот крст од Радика, Бигорски го објави редоследот на богослужбите за Водици

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена