Поврзи се со нас

Занимливости

Научници открија дека на Месечината има доволно кислород за 8 милијарди луѓе

Објавено

на

Научниците открија дека има доволно кислород под карпестиот слој на Месечината за да се овозможи живот на 8 милијарди луѓе, иако атмосферата на површината на Месечината не содржи доволно кислород за човечки живот, покажува најновото научно истражување.

Истакнати научници предводени од Џон Грант тврдат дека Месечината содржи многу минерали кои се тесно поврзани со кислородот и дека под површинскиот карпест слој наречен реголит, би можело да има доволно кислород за осум милијарди луѓе да преживеат во период од 100.000 години.

Научните пресметки се засноваат на фактот дека на човек му требаат 800 грама кислород дневно за да преживее, а реголитот е длабок околу 10 метри. Месечевиот реголит е составен од 45 отсто кислород, кој е цврсто врзан за минерали како силициум, алуминиум и оксиди на железо и магнезиум.

За да може кислородот да биде достапен, потребен е едноставен процес на екстракција. Тој систем троши многу енергија, а за да биде одржлив би морал да има поддршка од соларна енергија или други извори на енергија достапни на Месечината.

Австралиската вселенска агенција и американската вселенска агенција НАСА во октомври потпишаа договор за испраќање ровер на Месечината со цел да се соберат месечеви камења и да се обидат да извлечат кислород од него.

Научниците зборуваа и за развој на експериментален реактор со белгиска компанија со цел да се подобри процесот на создавање кислород со електролиза. Новата технологија би можела да биде испратена на Месечината до 2025 година како дел од мисијата на Европската вселенска агенција базирана на ресурси.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена