Поврзи се со нас

Технологија

Научниците ќе градат систем што ќе го претвора атмосферскиот CO2 во гориво

Објавено

на

Овој проект е развиен со помош на компанијата „Carbon Engineering“ и е делумно финаниран од Бил Гејтс. Всушност, оваа технологија би претставувала замена за дрвјата и би ја вршела нивната работа, но на местата каде што нема дрвја, како на пр. пустините и замрзнатите површини. Во  моментов, ова делува како единствениот остварлив начин за да се зароби веќе ослободениот јаглерод од возилата и авионите, кои сочинуваат 69% од вкупната емисија на јаглероден диоксид денес.

Системот ќе комбинира јаглероден диоксид со водород кој е одделен од водата, за да формира јаглеводородно гориво. Планот е да се обезбеди технологија која еден ден би можела да произведува еколошко гориво, како дополнување на системите за обновлива енергија што ги имаме сега.

„Carbon Engineering“ е една од малкуте компании во светот која се обидува да најде начини како да се извлече јаглеродниот диоксид од атмосферата и притоа да се намалат ефектите од климатските промени. Другите компании се „Global Thermostat“ во Њујорк и „Climeworks“ во Швајцарија кои на почетокот на годинава ја демонстрираа својата технологија за заробување на јаглероден диоксид, и потоа германската компанија „Sunfire“ го рециклираше и во соработка со Ауди произведее-дизел гориво без јаглерод.

Она што сега им е потребно на сите три компании е да откријат како нивниот атмосферски јаглероден диоксид економски одржливо да ги напојува системите. А тоа нема да биде лесно. Еден од проблемите кои треба да го надминат е високата цена на загревањето на јаглеродот до околу 400 степени Целзиусови, што е неопходно за да можат правилно да го обработат. Друг проблем е тоа што има многу малку инвеститори кои се заинтересирани да ги снабдуваат со пари се додека не докажат дека сето тоа е навистина изводливо.

Во моментов, планираниот систем на „Carbon Engineering“ би можел да зароби само околу 450 тона јаглероден диоксид секоја година, што едвај би ја покрило емисијата на јаглерод на 33 просечни Канаѓани. Но, од компанијата велат дека овој систем би можел да се зголеми 20 илјади пати за да биде попрактичен. Погледнете го видеото за да видите како компанијата планира да го направи сето тоа.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Македонијапред 15 минути

Контрола на кабареа, ноќни и диско клубови-Донесени забрани за работа

Македонијапред 49 минути

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 3 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 5 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 6 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 7 часа

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 9 часа

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 10 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 1 ден

Во центарот на Гостивар цвеќе и едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена