Поврзи се со нас

Гостивар

Навалица за социјалните станови во Гостивар-За 5 дена поднесени 300 апликации

Објавено

на

Огромен интерес за социјалните станови во Гостивар. Во Центарот за социјална работа, каде што се врши пријавувањето, за само пет дена поднесени се околу 300 апликации, што далеку го надминува бројот на станови на располагање, вкупно 70.

„Од отворањето на огласот до сега поднесени се околу 300 апликации, што значи дека интересот е голем, имајќи предвид дека има 70 станови за распределување. Останува да се види какво ќе биде ова темпо во наредните денови, дали ќе се намали или зголеми. Право да аплицираат имаат повеќе категории на граѓани кои се станбено необезбедени и потребната докуменција е зависно на која категорија припаѓаат“, вели директорот на Центарот за социјала, Азби Шаќири.

Според критериумите може да аплицираат: деца над 18 години без родители или родителска грижа односно кои до својата 18 година биле згрижени во институции, корисници на гарантирана минимална помош, граѓани погодени од елементарни – природни непогоди, семејства со лица со попреченост, социјално загрозени припадници на Ромската заедница како и самохрани родители со малолетни деца.

„Тоа што треба да се појасни е дека во случајов за самохран родител се смета само доколку другиот родител е починат, или не е запишан во изводот на родени на детето, односно е непознат, додека не важи ако брачните партнери се разведени“, објасни Шаќири.

Јавниот оглас за доделување на становите беше распишан на 4 март и ќе трае до 4 април. Според изјавата на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски дадена при минатонеделната посета на Гостивар, по завршување на рокот за пријавување, посебна комисија ќе врши увид на терен, па ќе следуваат процедурите за распределба.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 9 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 10 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 12 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 13 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 15 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 15 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Гостиварпред 17 часа

Физички напад пред угостителски објект во Чајле

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена