Поврзи се со нас

Македонија

Не беа изгласани закони, лицата со попреченост се разочарани и од власта и од опозицијата

Објавено

на

Повеќе од 90 000 лица со попреченост не добија зголемен додаток за попреченост од 6 000 денари, ниту пак двојно зголемување на личната асистенција. Пратениците како што денеска информираа од здружението коалиција менуваме и партијата Левица не ги изгласале законот за детска, социјална заштитиа и законот за асистенти.

На денешната конференција одржана пред Собранието координаторот на коалицијата „Менуваме“ Суаред Алишан изрази разочарност од власта и опозицијата за кои оцени дека ги гледаат само нивните лични интереси.

„Повторно државата покажа едно непочирување кон правата на лицата со попреченост, државата покажа егзекуција на нашите здравствени права кои треба да ги оствариме и затоа оваа држава можам да кажам дека вреди онолку колку што се грижи за лицата со попреченост. Дали е Северна или Република Македонија не се згрижи, туку не оставија едноставно да умреме, да немаме лекови, да немаме пари. Можеби ние сме со попреченост, но се виде дека тие имаат посебни потреби, пратениците имаат 78 проценти покачување на нивните плати, а кај нас закон донесен во 2013 година додаток за попреченост кој беше седум илјади денари, но со самата инфлација, порасна, а ниту еден не го покачи додатокот“, изјави Суаред Алиша.

Тој изрази разочарување и во опозицијата.

„Срамота за егзекуторот Тренчевска која што заедно со Душан Тошич ги натераа социјалдемократите да не гласаат и да не ги поддржат нашите права.  СДСМ ветуваа дека ќе ги гласаат нашите права, како да им веруваме на нивниот збор после ова. Ние сме разочарани и од оваа власт и од опозицијата. Го прашувам господинот Мицкоски зошто не беа дојдени неговите пратеници да ги гласаат зкаоните, гледаме Мицкоски постојано бара некаква отчетност, зошто не бара отчет од неговите пратеници што не си ги извршуваат обврските“, посочи Алишан.

Упати благодарност до Левица за поддршката, но и до албанските партии за кои рече дека си го одржале зборот и гласале.

Координаторот на партијата Левица Катерина Јовановска истакна дека партијата Левица покажала дека е на страната на народот и посочи дека доколку имале повеќе пратеници во Собрание овие закони ќе биле изгласани уште првиот момент.
„Пратениците на Левица поднесоа предлог измени на два закони со кои ќе се унапредеа паричните додатоци на лицата со попреченост и двојно ќе се зголемеше личната асистенција, меѓутоа пред два дена овие закони не ја добија поддршата во Собрание. Револтира фактот што токму оние функционери кои добија покачување од 78 проценти за нивните прави овојпат не изгласа покачување на додатоците на лицата со попреченост што уште повеќе револтира фактото што токму оние кои од народот се избрани да бидат гласот на народот во Собранието и да ги штитат интересите на народот за жал ги штитат само сопствените интереси“, изјави Јовановска.

Координаторот коалицијата „Менуваме“ најави семасовен протест на денот кога ќе се одржуваат уставните промени со паролата „Да за социјална правда, не за уставни промени“.

„Причината е бидејќи нашата организација побара во уставот член 9 да бидеме дефинирани како лица со попреченост за да можеме да ги оствариме правата, нас не ни треба стратегија преку која некој ќе краде пари, нас не ни требаат луѓе кои зборуваат за другите популации, пратениците кренаа галама за друга популација, други групи, а за нашите закони бегаат“, заклучи тој.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 4 часа

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 4 часа

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Македонијапред 6 часа

Ангелов: На територијата на НП „Маврово“ има 160 до 180 мечки, а според одредени норми треба да се 70

Гостиварпред 8 часа

Жени претприемачки од Гостивар се едуцираа за креирање бизнис идеи и иновации

Гостиварпред 9 часа

48 годишник задржан во ПС Гостивар поради напад врз партнерката

Македонијапред 10 часа

Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми

Гостиварпред 11 часа

Жител на Врапчиште пријавил соселанец за напад со остар предмет

Гостиварпред 12 часа

Во Општина Гостивар 69 нови вработувања во 2024-та година, Советот го усвои планот

Спортпред 13 часа

Заврши Светското шаховско првенство во Струга, петто место за „Македонија Алкалоид“

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена