Рецепти
Не биди гринго, пробај микелада – Мексикански коктел кој лади и пече во иста голтка

Ако никогаш не сте пробале микелада, не знаете што пропуштате. Освежувачки и пикантен, мексикански коктел од пиво и лимета кој убаво разладува и релаксира.
Може, но не мора да додадете неколку капки соја сос на овој пијалок, што ќе му даде нота која ќе ве натера да посакате уште една голтка, а потоа уште една. За да создадат убава боја, мексиканците знаат да додадат сок од домати во микеладата.
Состојки за микелада:
360 мл пиво
1 лажичка чили во прав
1/2 – 1 лажичка сол
60 мл сок од лимета
2 лажички лут сос (табаско, срирача…)
неколку капки соја сос
кора од лимета
мраз
Подготовка:
Во плитка чинија, измешајте сол и чили во прав. Намачкајте ги рабовите на чашата со кората од лимета и превртете ги во чинија за да ја премачкате со зачините. Истурете сок од лимета и соја сос во чаша и нежно измешајте. Наполнете ја чашата со мраз, а потоа дотурете го пивото. Нежно промешајте, украсете со лимета и послужете.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022