Вести
Не ги паркирајте возилата било каде – Полицијата ги засилува контролите низ Гостивар
Гостиварската полиција најави засилени контролни активности на подрачјето, со посебен акцент на паркирањето, пред се на улиците „Браќа Ѓиновски“, „Илинденска“, „ЈНА“ и „Живко Брајковски“.
„Ќе се санкционираат сите погрешно паркирани возила на тротоари, крстосници и на пешачки премини, кои го попречуваат нормалното и безбедно движење на пешаците и другите учесници во сообраќајот. Контролните активности ќе се реализираат не само во текот на денот, туку и во доцните вечерни часови, кога и најчесто се прават ваквиот вид прекршоци. Ова, дотолку повеќе што престојат снежни денови, а погрешно паркираните возила во значителна мерка го отежнуваат отстранувањето на снегот од улиците и тротоарите во градот.“, стои во соопштението на СВР.
Оттаму апелираат до возачите да не ги оставаат возилата кадешто ќе стигнат, нагласувајќи дека прекршителите ќе бидат санкционирани со соодветни казни, а возилата ќе им бидат подигнати од гостиварската „пајак-служба“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград