Поврзи се со нас

Вести

Не ги паркирајте возилата било каде – Полицијата ги засилува контролите низ Гостивар

Објавено

на

Гостиварската полиција најави засилени контролни активности на подрачјето, со посебен акцент на паркирањето, пред се на улиците „Браќа Ѓиновски“, „Илинденска“, „ЈНА“ и „Живко Брајковски“.

„Ќе се санкционираат сите погрешно паркирани возила на тротоари, крстосници и на пешачки премини, кои го попречуваат нормалното и безбедно движење на пешаците и другите учесници во сообраќајот. Контролните активности ќе се реализираат не само во текот на денот, туку и во доцните вечерни часови, кога и најчесто се прават ваквиот вид прекршоци. Ова, дотолку повеќе што престојат  снежни денови, а погрешно паркираните возила во значителна мерка го отежнуваат отстранувањето на снегот од улиците и тротоарите во градот.“, стои во соопштението на СВР.

Оттаму апелираат до возачите да не ги оставаат возилата кадешто ќе стигнат, нагласувајќи дека прекршителите ќе бидат санкционирани со соодветни казни, а возилата ќе им бидат подигнати од гостиварската „пајак-служба“.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена