Гостивар
Не избледува споменот за д-р Трајче! Откриен мурал со неговиот лик во Малеарди

Гостивар вечно ќе се сеќава на д-р Трајче Нешковски, споменот за него нема да избледи. Попладнево во населбата Малеарди, во која порасна и го мина животниот век, беше промовиран мурал со неговиот лик.
Муралот е искажување почит кон неговиот лик и дело, кон сѐ што направил, за целата грижа, љубов и посветеност кои ги носеше во себе во неговото големо срце.
„Преку муралот не дозволуваме да избледи неговиот лик, но и споменот за неговиот ведар дух, неисцрпна енергија и желбата да помогне секому. Споменот за него нема да избледи, зашто ако човек живее колку што се спомнува, тогаш Трајче живее секој ден. Симбол на човечност, хуманост и истрајност. Беше другар што обединува. И сѐ уште успева да нѐ спои, обедини, да нѐ собере заедно во негова чест“, беше речено на денешниот настан.
Промовирањето на муралот, чиј автор е кумановскиот уметник Дејвид Стоилковски, беше проследен со музичка придружба на Мјузик Вива.
Хуманитарните активности во чест на д-р Трајче Нешковски се заокружуваат денес со меморијален турнир во мал фудбал на игралиштето во Малеарди.
Како што најавија од здружението на граѓани што го носи неговото име, собраните средства од настаните ќе бидат наменети за: престој во градинка за децата на самохрани родители, потребни помагала за жените борци против ракот на дојка, реновирање на детското и спортското игралиште во Малеарди.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог