Поврзи се со нас

Македонија

Не‘ очекува најтешката зима, ќе се прогласи нова енергетска криза

Објавено

на

„Не очекува многу тешка и непредвидлива зима на енергетски план која не зависи само од Северна Македонија или од земјите од регионот, туку зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со војната во Украина. Рестрикции на електрична енергија не се очекуваат, дури и доколку имаме забрана за увоз на електрична енергија и гас во земјава. Во август повторно ќе побараме прогласување на кризна состојба во електроенергетскиот сектор се со цел да имаме можност преку дополнителни мерки да интервенираме во зголемување на производството на електрична енергија од домашни капацитети“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на вчерашниот брифинг со медиумите на кој информираше за следните чекори и мерки кои ќе бидат преземени со цел ублажување на ценовните шокови за граѓаните.
„Ќе ја имаме најтешката зима, ситуацијата е многу тешка и непредвидлива, не зависи само од Северна Македонија и во земјите од регионот туку во зависност од тоа како ќе се одвива војната во Украина. Ние работиме на обезбедување на алтернативни начини за снабдување со енергенси, доколку имаме целосна забрана за увоз на гас за да може да работат и топланите и индустриските капацитети. Во делот на алтернативни извори согласно Законот е предвидено и да може да се префрлат на друг енерегенс  односно на мазут“ рече Бектеши.
Во однос на снабдувањето со гас за престојната грејна сезона, министерот кажа дека се прават напори да имаме алтернативни извори за снабдување, со оглед на тоа што земјава е целосно зависна од руски гас.
„Доколку успееме во соработка со Булгаргастранс да ослободиме дел од капацитетите од гасоводот кој што го имаме со Бугарија којшто е целосно закупен од Гаспром, тогаш ќе може во услови доколку Русија ни ги сопре испораките на гас, да се снабдуваме со гас од Азербејџан или Турција„ кажа Бектеши.
Во однос на пакетот на антикризни мерки кој што беше најавен, министерот информираше дека Министерството за финансии подготвува нов пакет на мерки, кои би започнале да се применуваат во септември и ќе важат до крајот на годината, а ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.
„Континуирано носиме мерки со цел да не се зголемуваат цените на соновните прехранбени производи како што беа мерките кои на предлог на Министерството за економија на последната седница ги донесе Владата, односно е забрана за извоз на одредени производи и укинување на царина. За директни мерки како директна поддршка, Министерство за финансии е при крај на дизајнирање на нов пакет мерки во соработка со Стопанските комори. Согласно можностите кои ги има државата, мерките ќе бидат таргетирани за ранливите групи на граѓани кои имаат најголема потреба за помош. Таква поддршка ќе има и најверојатно ќе почне да се реализира од септември“ кажа Бектеши.
Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена