Поврзи се со нас

Занимливости

Не` очекува небесно уживање со импресивниот метеорски дожд Персеиди

Објавено

на

Метеорскиот дожд кој е своевиден спектакл на небото Персеиди, својот максимум ќе го достигне ноќта помеѓу 12 и 13 август. Се очекуваат да бидат видливи од 60 до 100 метеори во еден час. Најдоброто време за набљудување е помеѓу полноќ и четири часот наутро на локации надвор од градските средини, најдобро на планина.
„Метеорскиот рој (дожд) Персеиди се јавува поради пресекување на патеката на кометата Свифт-Тател од страна на Земјата. При тоа, во атмосферата навлегуваат ситни парченца и зрнца отпаднати од кометата. Поради големата брзина со која навлегуваат низ атмосферата, доаѓа до силно триење при што овие зрнца се загреваат, зажаруваат и запалуваат, оставајќи помал или поголем светлосен траг. Речиси 95% од метеорите се појавуваат на височина од 30-80 км, а многу ретко и пониско (само доколку има поголеми димензии – пречник над 5 см). Иако нема некаква правилност во честината на метеорите, ноќта, во пикот на Персеидите, на секоја минута-две ќе може да се забележи по еден метеор (повторно во зависност од осветленоста на местото каде се набљудува).“, пишува порталот игеографија.
Според американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА), метеорите можат да се појават каде било на небото и може да изгледаат различно во зависност од кој дел на Земјата се набљудуваат.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена