Вести
Не одете по шалтери за документи, аплицирајте по електронски пат
Министерството за информатичко општество и администрација, апелира до сите граѓани кои во наредните 14 дена ќе имаат потреба од услуги или различен вид на консултации со државните институции, тоа да го прават по електронски пат.
„Напоменуваме дека изводот од матичната книга на родени, венчани и умрени, покрај тоа што барањето може да се поднесе електронски, сега може и да се добие електронски. Тоа е возможно на порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk, како и преку порталот на Управата за водење на матични книги. Исто така, на порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk, во моментов достапни се 128 услуги, кои можат да се добијат за само неколку минути од вашиот дом. Тоа значи дека потврдите и различниот вид на документи од најпосетуваните институции, како што се: Агенција за вработување, Министерство за труд и социјална политика, Фонд за здравствено и Фонд за пензиско осигурување, Централен регистар… се достапни електоронски.“, соопшти МИОА.
Дополнително за 744 услуги, можат да се прочитаат сите потребни информации за целосната процедура за издавање. На овој начин, нема потреба да се посетуваат институциите физички за да се добијат овие информации, нагласуваат од Министерството.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар