Гостивар
Не паркирајте по тротоари и на сред улица! Засилени контроли на паркирање низ Гостивар
Сообраќајната полиција ги засилува контролите на паркирање возила по гостиварските улици, со цел да се обезбеди нормално и непречено одвивање на сообраќајот. Досегашното искуство покажува дека значителен дел од возачите во Гостивар не ги почитуваат правилата и прописите за паркирање и ги оставаат автомобилите по тротоари, на пешачки премини, на јавни зелени површини и други недозволени места.
Од Секторот за внатрешни работи напоменуваат дека зголемени контролни активности особено ќе има во централното гостиварско подрачје, на улиците „Браќа Ѓиновски“, „Гоце Делчев“, „Илинденска“, „ЈНА“ и други.
Во текот на јануари оваа година, на гостиварското подрачје регистрирани биле 46 прекршоци за непрописно паркирање. Казната за овој вид прекршок се движи од 45 до 180 евра или впишување на 25 до 40 негативни поени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар