Гостивар
Не почитувале првенство на минување, казнети 11 возачи во Гостивар и Тетово

Во рамките на засилените сообраќајно-контролни активности што во континуитет ги презема Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (20-ти јуни) од 9 до 14 часот беше реализирана акција за првенство на минување. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 11 прекршоци (Тетово-7 и Гостивар-4). Најголемиот број од нив се однесувале на непропуштање на возило кое се движи по пат што е означен со сообраќаен знак како пат со првенство на минување. На прекршителите изготвени им се поднесоци и зависно од видот на прекршокот тие ќе се соочат со парични глоби од 45 до 300 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 19 други видови сообраќајни прекршоци, соопшти полицијата.
Со оглед дека претстои зголемена сообраќајна фреквенција во поширокиот Полошки регион, пред се како резултат на новата летна сезона и скорешното доаѓање на поголем број времено вработени од странство, Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите максимално да ги почитуваат сите сообраќајни знаци, правила и прописи и непосредно да придонесат во напорите за поголема безбедност на патиштата и улиците, без загинати и повредени лица.
Ова, дотолку повеќе што во летните месеци значително зголемен е ризикот од несреќи, најчесто како последица од пребрзо возење, непрописно престигнување или техничка неисправност на возилата.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!