Поврзи се со нас

Гостивар

Не пукајте на веселбите, апелира СВР Тетово во пресрет на свадбената сезона

Објавено

на

Овој и наредните два месеци, јули и август, на поширокото полошко подрачје закажани се и ќе бидат организирани голем број свадбени и други свечености, најмногу во угостителски објекти на подрачјето.

Со цел навреме да се превенираат и ефикасно да се спречат несакани и незаконски појави,  Секторот за внатрешни работи Тетово презема бројни мерки и активности и апелира до граѓаните да се воздржат од пукање, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека пукањето и самоволното приредување на огномети е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваквите видови прекршоци, согласно членовите 31 и 32 се движи од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“,  за кое согласно член 288 од Кривичниот законик предвидена е и затворска казна од шест месеци до пет години.

На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а нивните  организатори навреме да ги спроведат  пропишаните превентивни мерки .

СВР Тетово со апел до граѓаните, исто така, да не палат огнови на отворен простор, да не фрлаат догорчиња и неизгаснати опушоци и да бидат максимално внимателни кога се движат низ полето и шумите, со потсетување дека за предизвикување шумски пожар согласно член 227 од Кривичниот законик предвидена е затворска казна од 8 до 10 години, зависно од крајните последици.

За овие проблеми и состојби деновиве се одржани близу 20 средби со советодавните групи на граѓани и со раководствата на месните и урбаните заедници на подрачјето, чиј иницијатор е Отсекот за превенција, кои ќе продолжат и во наредниот период, а на кои ќе стане збор и за безбедното учество на земјоделската механизација во сообраќајот.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 12 часа

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 13 часа

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Македонијапред 15 часа

Ангелов: На територијата на НП „Маврово“ има 160 до 180 мечки, а според одредени норми треба да се 70

Гостиварпред 17 часа

Жени претприемачки од Гостивар се едуцираа за креирање бизнис идеи и иновации

Гостиварпред 18 часа

48 годишник задржан во ПС Гостивар поради напад врз партнерката

Македонијапред 18 часа

Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми

Гостиварпред 20 часа

Жител на Врапчиште пријавил соселанец за напад со остар предмет

Гостиварпред 21 час

Во Општина Гостивар 69 нови вработувања во 2024-та година, Советот го усвои планот

Спортпред 22 часа

Заврши Светското шаховско првенство во Струга, петто место за „Македонија Алкалоид“

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена