Гостивар
Не се почитува закон – Казни за над 20 возачи во Гостивар за пребрзо возење
Секторот за внатрешни работи Тетово периодов спроведува континуирани акциски контроли за брзина на движење по улиците и патиштата на гостиварското и тетовското подрачје. Контролите потврдуваат дека значителен дел од возачите не ги почитуваат правилата и прописите и возат пребрзо, со што ја загрозуваат сопсtвената, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Да потсетиме, дека брзото возење е водечка причина за сообраќајните несреќи во регионот.
Во последната акција биле откриени вкупно 27 пречекорувања на дозволената брзина надвор од населено место и тоа 13 во гостиварско и 14 во тетовско. Најмногу од пречкорувањата, вкупно 20 биле за 30 до 50 километри на час.
Во населено место пак бил констатиран 31 прекршок, во Гостивар 10 и во Тетово 21. Најголемиот број од нив биле од 10 до 30 километри на час.
Откриените прекршоци санкционирани се со 49 мандатни платни налози, од кои 31 за возачи во тетовско и 18 за возачи во гостиварско, соопшти полицијата. Биле изготвени и шест прекршочни налози и три писмени опомени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар