Македонија
Не се почитуваат правилата – Пешаците се едни од најзагрозените во сообраќајот

Пешаците се најмасовна и најранлива група учесници во сообраќајот, а истовремено и најмалку контролирана и најмалку санкционирана. Искуствата и анализите покажуваат дека кај пешаците, недостасува чувство за нивното активно учество во сообраќајот и недостасува одговорност дека и за нив важат сообраќајните правила и прописи, како и за сите други учесници во сообраќајот, нагласуваат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.
Во 2017 година во земјава 34 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои, дури 17 се на возраст над 65 години, а 914 пешаци се сериозно повредени. Во 2018 година, 27 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои 14 се на возраст над 65 години, а 861 пешак е сериозно повреден.
„Една од причините зошто пешаците толку многу страдаат во сообраќајот, покрај грешките на возачите и несоодветната сообраќајна инфраструктура, секако е непочитување на сообраќајните правила и прописи од нивна страна. За жал, секојдневно можеме да видиме пешаци како поминуваат улица надвор од пешачки премин, на црвен пешачки семафор, како се движат помеѓу две коловозни ленти, помеѓу возила во движење, но и пешаци кои воопшто не ги следат случувањата во сообраќајот поради мобилниот телефон или слушањето музика. Непотребно и долго задржување на коловозот е редовна појава, особено од страна на повозрасните пешаци. Ваквата перцепција и ваквото однесување на пешаците во сообраќајот резултира со голем број загинати и повредени пешаци во сообраќајот. Тоа не значи дека и кај возачите нема одговорност и вина. Напротив, црната статистика е последица на непочитување на сообраќајните правила и прописи, како од пешаците така и од возачите.“, стои во соопштението од РСБСП.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите