Деца Родители
Не се скапите играчки или телефони…Што децата ќе паметат цел живот од своето детство
За создавање добри спомени не се потребни скапи играчки или телефони – нашето присуство е највредниот подарок што можеме да му го дадеме на нашето дете. Неопходно е да бидеме тука за нив кога е тешко, да разговараме и играме со нив и да ги охрабруваме во одредени ситуации.
Квалитетното заедничко време му покажува на детето дека е сакано и дека му се посветува внимание, влијае на неговата самодоверба и придонесува да се чувствува безбедно.
Во продолжение неколку работи што децата најчесто ги паметат од своето детство.
Поттикнување
Поддршката секогаш има големо влијание врз детето и често бара одобрение од родителите, а позитивните зборови можат да бидат силен мотиватор и извор на утеха. Охрабрувањето им помага на децата да веруваат во себе, давајќи им самодоверба да се соочат со новите предизвици и да продолжат кога ќе стане тешко.
Кога се фалат напорите и достигнувањата на детето, се поттикнува неговата самодоверба и самопочит, а нашите зборови имаат моќ да го обликуваат погледот на детето за себе и за светот.
Семејни традиции
Семејните собири, празниците, викенд-забавите, заедничкото украсување на елката придонесуваат за чувство на заедништво и стабилност. Семејните традиции на децата им ја покажуваат нивната припадност и им развиваат убава слика за семејните вредности.
Добри дела
Кога децата ќе видат дека нивните родители и возрасните околу нив прават добри дела, пред себе имаат одличен пример и тоа ќе остави добар впечаток кај нив. Ќе се сетат колку е убаво чувството да им се помага на другите, затоа, кога ги учиме децата да прават добри дела, ги учиме да ги разбираат туѓите чувства и поради тоа можат да се чувствуваат среќни и горди.
Грижливост
Неопходна е поддршката во фазите кога се болни, нерасположени, вознемирени или исплашени. Кога сме таму кога им е тешко, покажуваме дека ги сакаме без разлика на се, а тоа е клучно за градење силна емоционална врска.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград