Гостивар
Не се знае кога Комисијата од Влада ќе одлучува за недоделените 25 социјални станови во Гостивар

Од вкупно 70 социјални станови во Гостивар се доделија 45, додека 25 и натаму остануваат празни. Како што веќе објави Gosivarpress.mk нераспределените станови треба да се префрлат во надлежност на Комисијата за станбени прашања при Владата и заинтересираните граѓани директно таму да поднесуваат документи. Но, кога ќе почнат процедурите се‘ уште не е точно дефинирано.
Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за траспорт и врски Благој Бочварски ја појасни постапката, но не даде временска рамка.
„Остануваат за распределба уште 25 станбени единици. Со цел постапката да продолжи понатаму имаме една процедури во која со одлука на Влада ќе овозможиме становите да се префрлат кај станбената комисија при Влада која ќе продолжи со нивната распоределба. Во тој момент кога ќе биде донесена одлуката, ќе ја информираме јавноста со цел да можат граѓаните да продолжат со апликација во станбената комисија при Владата и таму да им се разгледуваат сите документи и сите постапки со цел да се одлучи дали ги исполнуваат условите и секако ако ги исполнуваат, да добијат стан“, рече министерот.
Конечната ранг листа по огласот за распределба на социјалните станови во Гостивар беше објавена во јули годинава. На 45 семејства добитници на станови клучевите им беа врачени денес на јавен настан.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава