Гостивар
Не возете брзо и почитувајте ги правилата – апелира полицијата
Поради зачестените сообраќајни несреќи на полошкото подрачје, полицијата апелира на зголемена внимателност од страна на возачите и почитување на законските правила и прописи.
Ризикот е особено поголем наутро, кога температури се значително пониски поради што има појава на голомразица и коловозите се лизгави.
„Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да бидат крајно внимателни, задолжително да поседуваат зимска опрема и да ја прилагодат брзината според условите на патот. На возачите им се советува, исто така, навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила и посебно оние кои вршат јавен превоз на патници со автобуси и комбиња, да не конзумираат алкохол кога седнуваат зад волан и да не управуваат неподготвени и заморени“, стои во апелот од полицијата.
Анализите покажуваат дека најчестата причина за сообраќајните несреќи, особено за оние со посериозни последици, е брзото возење.
Секторот за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжа засилени контролни активности на патиштата со цел да се воведе ред и спречат несакани последици.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар