Рецепти
Недела е ден за печење: Направете ја најубавата пита со спанаќ, сирење и гриз

Ова е рецепт за пита, која без сомнеж ќе го задоволни вкусот и на најприбирливите. Едноставно се топи во уста, никој не може да и` одолее. Одлично оди со чашка јогурт или кисело млеко, а се подготвува брзо и лесно.
Состојки:
4 јајца
12 лажици брашно
2 лажици гриз
1 чаша млеко
1 чаша масло
прашок за пециво
300 гр. сирење
200 до 300 гр. обарен и исецкан спанаќ
100 гр. сусам
Подготовка: Се матат жолчките од јајцата, брашното, млекото, прашокот за пециво, гризот и маслото. Во посебен сад се матат белките. Откако ќе бидат добро изматени, се додаваат во смесата, а потоа се додаваат и сирењето и спанаќот. Се става во подмачкан плех и се наросува со сусам.
Се пече околу 25 до 30 минути на 200 степени.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022