Гостивар
Недела на солидарност во Гостивар: „Вашиот прилог е значајна помош“

Со собирни акции, активности на мобилни тимови и поставување на посебни штандови, општинската организација на Црвениот крст во Гостивар ја одбележува Неделата на солидарност (од 15 до 21 април).
Ова е традиционална активност на Црвениот крст, а годинешното мото гласи „Вашиот прилог – значајна помош”. Денес волонтерите собираа доброволен прилог на пунк на градскиот плоштад во Гостивар. Во следните денови донации ќе собираат мобилни тимови.
„Целта на оваа недела е преку имплементација на хуманитарни активности да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и помош за ранливото население. Покрај парични средства може да се донираат и храна, облека, обувки, средства за хигиена, кои треба да се предадат во Црвениот Крст.“, велат од организацијата.
Донации во парични средства може да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија: 300000001327966 АД Комерцијална банка, ДБ 4030984271620.
Со повик на мобилните телефонски броеви – 070/075/077 143 400 се донираат 100 денари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден