Поврзи се со нас

Гостивар

Неделава 59 новозаразени од корона, 121 оздравен – Таравари: Ако внимаваме сите, вирусот помалку ќе се шири

Објавено

на

Од почетокот на месец август гостиварскиот регион се наоѓа во највисоката фаза на ризик од ширење на коронавирусот. Заедно со Скопје, Штип и Куманово, Гостивар има широка распространетост на пренесување на заразата. Според статистиките на Министерството за здравство изминатите 5 дена, од понеделник до петок, потврдени се 59 новозаболени лица.

Анализите на медицинските служби покажуваат дека повеќето од новите пациенти се со поблаги симптоми или се асимптоматски. Тие немаат потреба од хоспитализација и остануваат во двонеделна домашна изолација.

Порастот на позитивни во Гостивар е очекуван, со оглед дека тестови се прават на поголем број на граѓани, смета првиот човек на општината, повторувајќи го апелот да се почитуваат мерките.

„Нема што да се прави, состојбата со коронавирусот во државата нема контрола. Тоа што го поминаа другите градови пред нас, сега го поминува Гостивар. Имавме мирна ситуација, но сега бројките се поголеми, очекувано, со оглед дека повеќе луѓе се тестираат. Мојата препорака до сите граѓани останува: носете маска и држете дистанца. Ако внимаваме сите, помалку ќе се шири вирусот, ако не внимаваме, бројките ќе продолжат да растат.“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Охрабрува податокот што неделава на подрачјето на Гостивар има 121 оздравен пациент, што е двојно повеќе од бројот на новозаразени.

Од почетокот на пандемијата во гостиварскиот регион со коронавирус вкупно се дијагностицирани 623 лица. Моментално активно болни се 264.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена