Поврзи се со нас

Гостивар

Неделава следува промена на временските прилики

Објавено

на

Во наредниве денови нѐ очекува промена на временските прилики со наоблачување, а кон крајот на работната недела и дожд.

Денес е понеделник, 258 ден од годинава. Сонцето изгреа во 6 часот и 15 минути, а ќе зајде во 18 часот и 46 минути. Времето во текот на денешниот ден ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Максималната дневна температура ќе се искачи до 30-от степен.

Утре (вторник) времето ќе биде сончево со мала облачност и температури помеѓу 16 и 30 степени. Во среда се очекува слично време, односно сончево со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи помеѓу 15 и 30 степени.

Во четврток очекувајте поголемо наоблачување. Времето ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови нестабилно со услови за краткотраен дожд и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 29 степени.

Во петок нѐ очекува претежно облачно и ветровито време со сончеви периоди со услови за дожд во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 13-от степен, додека дневната ќе достигне максимални 26 степени.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 8 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 9 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 10 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 14 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 15 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена